Живко Мукаетов, генерален директор и претседател на Управниот одбор на „Алкалоид“, вчера ја прими наградата „Бизнис-лидер“ на свеченоста по повод Европски ден на претприемачот и Европска недела на МСП 2011, манифестација што се одржа во организација на Европската бизнис-асоцијација и Министерството за економија, а под мотото „Погоди ја целта“. Целта е да се промовира претприемаштвото, креативноста, иновативноста, вложувањето во младите и вклучувањето на претприемаштвото во нивното образование, како и оформување дијалог меѓу социјалните партнери. Градовите во Македонија ќе го развиваат претприемачкиот дух и за таа цел е планирано организирање повеќе настани и работилници што ќе се одвиваат во Скопје, Битола и во Велес. Во Министерството за економија сериозно ја сфаќаме улогата на претприемаштвото кое секогаш претставува иновација, прогрес, преземање ризик. За таа цел, секогаш ќе го овозможуваме нивниот развој.
Живко Мукаетов, генерален директор и претседател на Управниот одбор на „Алкалоид“, вчера ја прими наградата „Бизнис-лидер“ на свеченоста по повод Европски ден на претприемачот и Европска недела на МСП 2011, манифестација што се одржа во организација на Европската бизнис-асоцијација и Министерството за економија, а под мотото „Погоди ја целта“.
„Целта е да се промовира претприемаштвото, креативноста, иновативноста, вложувањето во младите и вклучувањето на претприемаштвото во нивното образование, како и оформување дијалог меѓу социјалните партнери", изјави Александра Наќева-Ружин, в.д. претседателка на Европската бизнис-асоцијација.
Градовите во Македонија ќе го развиваат претприемачкиот дух и за таа цел е планирано организирање повеќе настани и работилници што ќе се одвиваат во Скопје, Битола и во Велес. „Во Министерството за економија сериозно ја сфаќаме улогата на претприемаштвото кое секогаш претставува иновација, прогрес, преземање ризик. За таа цел, секогаш ќе го овозможуваме нивниот развој", рече министерот за економија, Ваљон Сарачини.
Во Македонија и пошироко, поголемиот процент од активностите на луѓето се поврзани со претприемаштвото. Значителни 80 проценти од работната сила се апсорбирани во малите и во средните претпријатија, токму поради тоа тие се клуч за економско заздравување на Европа.